Шефилд и Вест хем ќе си дадат гол, Македонија ќе ја врати Украина во реалноста

Шефилд јунајтед – Вест хем (фудбал, Англија, 21.00 часот)

Шефилд игра добро во Премиер лигата, но влезе во мала криза и има три меча по ред без победа. Вест ем се разбуди по доаѓањето на тренерот Мојс, во минатото коло убедливо го поразија Борнмут, па затоа на отворањето на колото во Премиер лигата ќе има интересен двобој. Вест хем нема нерешено од 26 октомври, кога одигра 1-1 токму против Шефилд. Традицијата најавува дека ќе има голови.

Предлог тип: ГГ (1.93)

 

Рен – Марсеј (фудбал, Франција, 20.45 часот)

Ова е дерби на колото и чудно е што се игра во петок. Гостите се втори на табелата и имаат пет бода повеќе од Рен, додуша и со еден меч повеќе. Ако победи, Марсеј ќе се зацрвсти на втората позиција и ќе продолжи да го брка ПСЖ, кој сепак се чини е недостижен за ривалите во Франција. Во 2019 година овие два тима се сретнаа двапати и двата меча завршија со 1-1. Рен речиси четири години не знае за победа на свој терен против Марсеј, но од крајот на октомври наваму ги доби сите домашни дуели.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.98)

 

Мореиренсе – Порто (фудбал, Португалија, 22.15 часот)

Последните две гостувања на Порто кај Мореиренсе завршија нерешено со 0-2 гола, а вечерва во доцниот термин фаворитот мора да победи ако сака да одржи чекор со водечката Бенфика. Мореиренсе се бори за опстанок, игра променливо, но бодови мора да бара на друго место, не против Порто, иако историјатот покажува дека знаат да го изненадат фаворитот со некое реми

Предлог тип: 2 & 3+ (2.15)

 

Македонија – Украина (ракомет, ЕП, 20.30 часот)

Искуството е на страна на македонската репрезентација. Украина десет години нема играно на Европско првенство и веројатно тоа ќе им направи голем притисок. Македонија и Украина досега играле четирипати, но првпат на ЕП. Двапати било нерешено, реми заврши и последниот меч во јуни 2017 во Украина, во квалификациите за претходното Европско првенство. Украина 14 години не победила на меч од ЕП, нема да победи ниту вечерва. За селекторот Брестовац ова е деби на континенталните шампионати.

Предлог тип: 1-1 (1.65)

 

Барселона – Анадолу Ефес (кошарка, Евролига, 21.00 часот)

Ова треба да биде спектакуларен меч бидејќи играат две од засега трите најдобри екипи во Евролигата. Ако победат Каталонците, ќе се изедначат со Ефес на втората позиција. Во последните четири меѓусебни дуели, по двапати победуваа и едните и другите. Од последните пет пресметки, три ги добиваше тимот кој гостуваше. Барселона е во мала предност поради домашниот терен, но ако се разиграат Ларкин и другарите, можна е и победа на Пиварите.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Рен – Марсеј ГГ прво/второ (2.45)

Шефилд ј. – Вест Хем 1Х & ГГ (2.40)

Мореиренсе – Порто 2 & 2-4 (2.20)

- Оглас -

Најнови вести