Според Кристијан Хорнер, шефот на тимот Ред Бул во Формула 1, ривалскиот Ферари користи гориво од производителот „Шел“, за кое се сомнева дека е легално бидејќи тврди дека горивото кое се користи во црвениот болид мириса на сок од цитрон.
„Ние мислевме дека ФИА ги пополнила сите дупки во својот правилник“, вели Адријан Њуи, главниот инженер на Ред Бул.
Неговиот шеф Хорнер има друга теорија и тој смета дека „Шел“ му дал на Ферари револуционерно гориво.
„Горивото од гаражата на Ферари мириса како сок од грејпфрут“, тврди Хорнер.
Ферари потфрли на првата трка во Австралија, а сите беа зачудени со доминацијата на тренинзите во Бахреин. На самата трка, Ферари повторно киксираше, но видливо беше дека се брзи. Пресметано е дека според предноста која „црните коњчиња“ ја имаа на квалификациите, значат дури 40 коњски сили плус во однос на останатите.