Шеиците ќе и ги расипат плановите на Барселона со Лаутаро Мартинес

Богатите шеици од Сити фудбал груп му ветиле на Пеп Гвардиола дека ќе платат 100 милиони евра отштета на Интер за да го донесат Лаутаро Мартинес во Манчестер сити.

Тоа би значло дека токму поранешниот играч и тренер на Барселона ќе им го расипе планот на Каталонците, коидолго се обидуваат да го донесат Аргентинецот на „Камп Ноу“.

Барселона не сака да плати отштета од 100 милиони евра за напаѓачот, Интер не попушта, па во целиот процес се вклучи клубот кој има богати газди и може без проблем да плати огромна сума на пари во новиот обид да се освои шампионската круна во Англија, но што е уште поважно за Сити, конечно да стаса и до толку посакуваната европска круна.

Ако трансферот се реализира ќе биде интересна конкуренцијата во нападот на Манчестер сити со Кун Агуеро, Габриел Жезус и Лаутаро Мартинес, што веројатно би бил и најдобриот трилинг напаѓачи во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести