Шеиците му подготвија стотици милиони на Гвардиола за засилувања во битката против Ливерпул

Пеп Гвардиола ќе добие 115 милиони евра за зимски засилувања, а и тој и богатите шеици кои се сопственици на Манчестер сити не се откажуваат во трката за хет-трик од шампионски титули во Англија.

Ливерпул има 8 бода предност по 12 кола, но популарните Граѓани не се откажуваат од битката за шампионската круна. Катарците можат да си дозволат луксуз да потрошат уште стотици милиони евра, иако Сити постојано е на работ на финансискиот ферплеј што го предвидуваат ФИФА и УЕФА.

Чкрипи во одбраната на шампионот, особено што не беше ангажирана замена за Винсан Компани, а се повреди Ајмерик Лапорт, па принудно Фернадињо игра на таа позиција.

Англиските медиуми објавија дека се бара и замена за Давид Силва, кој ја игра последната сезона во тимот од Манчестер, а и Агуеро и Габриел Жесус би можеле да добијат конкуренција во нападот. Агуеро има 31 година и договор со важност до 2021 година, па во редовите на шампионот планираат да го освежат и нападот со помлад шпиц.

Освежувањата во трансфер-периодот што претстои ќе бидат добредојдени и во битката за остварување на сонот на Манчестер сити, да се освои и пехарот во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести