Шеиците сакаат кралски тандем во Ал-Наср, Модриќ ги одби и им го расипа планот

Лука Модриќ нема пак да игра со Кристијано Роналдо, откако ја одбил понудата на Ал-Наср, кој е новиот клуб на популарниот ЦР-7.

Шпанска „Марка“ објави дека Хрватот има поинакви планови и сака да остане барем уште една сезона во Реал Мадрид, иако постојано се шпекулира дека Кралевите не сметаат на него по завршувањето на оваа сезона.

Модриќ има 37 години и богата понуда од Арапите да му се приклучи на Роналдо, а планот на челниците на Ал-Наср е да тргнат и по Серхио Рамос, уште еден поранешен играч на Реал Мадрид, сега фудбалер на Пари Сен Жермен.

Роналдо неодамна потпиша две и пол годишен договор со 9-кратниот првак на Саудиска Арабија, а се очекува уште неколку познати фудбалски ѕвезди во подоминати години да пристигнат и во Ал-Наср, но и во другите клубови од оваа земја.

 

- Оглас -

Најнови вести