Шестиот играч му помогна на МЗТ да ја мине првата пречка, остануваат уште две до враќање во АБА-лигата

Иако до последните секунди не беше обезбедена победата, МЗТ Скопје Аеродром успеа да победи во четвртфиналето против Сутјеска со 73-68 и сега е на две победи од пласман во АБА-лигата.

Бодрени од публиката која направи одлична атмосфера, Штрковите им се одмаздија на Црногорците за поразот во регуларната сезона, па сега чекаат да видат в петок дали противник во полуфиналето ќе им биде Широки или Спарс.

Најдобри поединци вечерва кај МЗТ беа Николов со 17, Војдан Стојановски со 16 и Дејвис со 11 поени.

- Оглас -

Најнови вести