Шестото коло на Спортска прогноза е убава прошетка од Неапол до Лидс за ајфон 11

Шестото коло од третата сезона на Спортска прогноза ветува убава фудбалска прошетка од Неапол до Лидс, што ќе почне денеска од 15 часот, кога е и последниот рок за вашите прогнози.

Наполи во многу интересен меч што е најава за гол-шоу на „Сан Паоло“ ќе и биде домаќин на незадржливата Аталанта, за почеток на нашата 13-ка во ова коло од Спортска прогноза.

Стандарно за прогнозирање ви нудиме и меч од Бундеслигата, а за денеска од 15.30 часот нашиот избор е дуелот меѓу Фрајбург и Вердер.

Кулминацијата ќе биде во вечерните часови со дерби дуелите меѓу Интер и Милан во Серија А и мечот меѓу Манчестер сити и Арсенал.

Можете да уживате во дербито Дела Мадонина и во англиската пресметка, а уште поубаво ќе биде ако учсетвувата во трката за ајфон 11, награда што Sport Life и Спорт Манија ја доделуваат во секое коло за прогнозерите што ќе ги погодат исходите на сите 13 дуели од основната програма.

Утре во фокусот ќе биде вечното дерби во Србија меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда што е уште еден предизвик да се вклучите во се побројниот карван од учесници во Спортската прогноза.

Колото завршува со дуелот меѓу Лидс и Вулверхемптон, а секако веќе знаете дека е многу важно да се погодат двата резервни пара во трката за што подобри позиции во Генерален пласман.

На крајот од третата сезона шампионот ќе биде награден со ТВ Смарт од 48 инчи, а има богат фонд на награди и за секое коло, но и за најдобрите прогнозери во вкупниот поредок.

 

 

- Оглас -

Најнови вести