Ширер зачуден како 36-годишниот Роналдо може да трча со 32 километри на час

Англичаните измерија дека Кристијано Роналдо пред постигнувањето на вториот гол во вчерашната победа на Манчестер јунајтед против Њукасл од 4-1, истрчал спринт со брзина од 32 километри на час. Португалецот има 36 години, но физички е во неверојатна форма, и поподготвен од најголем дел од неговите помладите колеги.

И некои играчи на Њукасл беа воодушевени од тоа што играа против најдобриот стрелец во историјата на фудбалот. Дури тројца членови на Њукасл, после мечот побарале од Роналдо да си ги разменат дресовите.

Легендата Алан Ширер, изјави дека е зачуден како може еден 36-годишник да трча толку брзо.

„Очекувавме дека тој ќе игра добро и ќе дава голови, но има неверојатна енергија и однос за негова возраст. Вистински пример е за децата кои ги гледаат. Само треба да го гледаат секој викенд, има што да научат, се што прави е првокласно“ – рече Ширер.

- Оглас -

Најнови вести