Шкендија испушти шанса да игра пред 50.000 луѓе

Информацијата дека трибините на „Селтик парк“ во Глазгов ќе бидат исполнети до последно место на денешниот меч помеѓу Селтик и Сараево само потврдува дека за Шкотите не е важно кој гостува, туку доаѓаат да си го гледаат својот омилен тим. Вечерва ќе има околу 50.000 фанови на трибините и најверојатно ќе го прослават пласманот во следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите.

Ако Селтик го елиминира Сараево, а ги има сите предуслови за тоа по гостинската победа од 3-1, во следното коло ќе се сретне со Номе Калју, кој ја изненади Шкендија во Скопје. Македонскиот првак беше на една минута од пласман понатаму и двомеч со големиот Селтик, кој пред 52 години беше и европски првак.

Во Шкендија треба да жалат што испуштија шанса да гостуваат на легендарен стадион и да играат на прекрасна атмосфера пред 50-тина илјади фанови во зелено-бело, а и во Скопје ќе имаше далеку повеќе публика, отколку денеска против Естонците. Честа да игра во Глазгов пред полни трибини ќе ја има Крсте Велкоски, кој е капитен на Сараево.

- Оглас -

Најнови вести