Динамо Киев ја победи Шкендија со 3-2 во контролен натпревар одигран во Белек, Турција.
Тетовци не се посрамотија против европскиот гигант, напротив, беа рамноправни во голем дел од средбата.
Сепак, индивидуалните квалитети на ветеранот Јармоленко и на Ванат беа доволни за победа на Динамо. Голот на Јармоленко за 1-0 беше вистинска мајсторија, погоди од десетина метри иако беше свртен со грб кон голот и топката ја закачи со пета.
Шкендија израмни со атрактивен автогол на Дјачук. Следуваа два гола на Ванат, од кои првиот поубав кога со слалом се прошета низ одбраната на Шкендија, а точка на голеадата стави Рамадани во 87-мата минута.