Шкендија заборави да победува, овојпат Пандев ги реши тетовци

Со гол на Сашко Пандев од слободен удар во 61-вата минута од натпреварот, Академија Пандев на свој терен во Струмица ја совлада Шкендија со 1-0 во првото коло од македонската прва фудбалска лига.

Освојувачот на Купот после водечкиот гол на искусниот Пандев, се бранеше, и успеа да се одбрани против првакот, па освои три важни бода. Шкендија откако не се прослави во Европа, овој лош период го продолжува и на домашна сцена. Главниот проблем е неефикасноста на тимот на тренерот Ќатип Османи. Тетовци летово на ниту еден пријателски или официјален меч, не постигнаа повеќе од еден гол.

Историски триумф извојува новиот прволигаш, дебитантот во елитната конкуренција, Струга Трим Лум. Стружани губеа со 0-1 против Работнички, но успеаја да направат пресврт. Другиот новопечен прволигаш, Борец од Велес, тргна со пораз и тоа на Чаир од Шкупи. Шкупи двата гола ги даде во второто полувреме, и стана единствениот тим кој славеше со два гола разлика. Ренова го победи Силекс со 1-0, а истиот резултат помеѓу овие два тима беше и во минатата сезона кога „гипсарите“ имаа улога на домаќини.

РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Шкендија 1-0, Ренова – Силекс 1-0, Шкупи – Борец 2-0, Струга Трим Лум – Работнички 2-1. Утре играат Вардар – Македонија ЃП.

- Оглас -

Најнови вести