Шкот од Емполи му се потсмеваше на Влаховиќ: Ти вредиш 80 милиони? (Видео)

Јувентус синоќа беше поразен од Емполи со 1-4, а за Емполи тоа беше прва домашна победа над Старата дама по 23 години, па фудблерите во сини дресови уживаа и имаа прилика да им фатат сеир на гостите.

Шкотланѓанецот Лијам Хендерсон беше снимен како на Душан Влаховиќ в лице му се потсмева со цената која Јуве ја плати за него.

„Ооо, 80 милиони“, провоцираше Хендерсон.

- Оглас -

Најнови вести