Шкотланѓанец кој играл за Лидс, а доаѓа од ХЈК Хелсинки, потпиша за Гостивар

Ли Ирвин е ново засилување за Гостивар, а овој 30-годишен напаѓач е првиот Шкотланѓанец кој ќе заигра во македонската прва лига.

Ирвин во кариерата го носел дресот и на Лидс јунајтед за кој одиграл 11 средби во периодот од 2005 до 2007 година, а до неодамна настапувал за финскиот ХЈК Хелсинки и постигнал пет гола на 11 натпревари. Од тие пет гола, три му беа во Конференциската лига против Клаксвик од Фарски острови. Последниот настап за ХЈК му беше на 19-ти декември против Бетис.

На „Трансфермаркт“ проценетата вредност му е 700.000 евра и со тоа е еден од најскапите играчи кои дошле да играат во Македонија.

- Оглас -

Најнови вести