Шкотската полиција ќе одлучува дали ќе заврши сезоната – Мистериозно исчезна гласот на Данди

Мистериозно исчезна гласот на Данди во Шкотска, што треба да биде клучен за одлуката на претставниците на Професионалната лига на оваа земја дали да се заврши предвреме сезоната или таа да продолжи, па најавена е истрага.

Филмското сценарио ќе го заврши полицијата, откако од Данди објавија дека навреме до 17 часот во петокот го доставиле својот избор на адресата на Шкотската професионална лига (СПФЛ), чии претставници тврдат дека клубот воопшто не гласал, односно не го запазил рокот.

Интересно е што токму гласот на Данди ќе биде клучен за тоа дали сезоната ќе заврши без да се доигра, а претставниците на клубот се ЗА да се игра докрај, кога ќе заврши пандемијата со Коронавирусот.

Досега само Глазгов ренџерс и Хартс гласаа да се игра, а останатите 9 клуба без Данди, се за решение сезоната да се прогласи за завршена и Селтик да биде крунисан во нов шампион.

Ренџерите од Глазгов, кои се големи ривали на Селтик во ривалство што е најдолго во Европа и се протега во три века, побараа оставка од извршниот директор на СПФЛ, Нил Донкастер, и бараат истрагата да утврди кој го украл гласот на Данди.

- Оглас -

Најнови вести