Шкупи ги зголеми маките струмички – Со два гола во финишот ја закова Беласица на дното

Шкупи имаше суперфиниш во Струмица и со два гола во последните моменти ја победи Беласица со 2:0 и ја закова за дното на табелата со гол-разлика 0:10

Ова беше премиерен меч од третото коло во ПМФЛ без голови, а до 90. минута двете екипи речиси и да немаа ниту една шанса.

Во 89. минута беше досуден пенал за Шкупи, а го реализираше Дарбое, играч што потоа постигна уште еден гол за победа на гостите, кои имаат два триумфи и едно реми во стартните три кола.

Беласица не успеа да издржи до крајот и да го освои првиот бод во новото првенство, а се уште нема постигнато гол на три меча, или повеќе од 270 минути.

Шкупи поради обврски во Европа доби попуст да игра порано во третото коло. Чаирчани ќе патуваат за Баку, каде на 27. август ќе игра со азербејџанскиот тим Нефчи во првото квалификациско коло за пласман во фаза по групи во Европа Лигата.

Беласица остана на последното место без бодови и со гол-разлика од 0:10, а интересно е што и втората струмичка екипа, Академија Пандев има два порази без постигнат гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести