Шкупи го чека „пекол“ во Софија, за еден час распродадени сите билети за дуелот против Левски

Бугарскиот тим Левски ќе има поддршка од речиси 30.000 домашни навивачи на реваншот против Шкупи во вторто коло од квалификациите за пласман во Конференциската лига на УЕФА. Според информациите од Бугарија, навивачите на Левски ги купиле сите билети, па капацитетот на стадионот „Ѓорѓи Аспарухов“ ќе биде исполнет до последно место.

Левски има предност од 2:0 стекната по првиот дуел кој се играше минатиот четврток во Скопје. На тој меч имаше и инциденти во кои учествуваа гостинските навивачи, па одлуката сега е да нема фанови на Шкупи на гостувањето во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести