Шкупи испушти победа против Челик, но доби нов играч

Шкупи во пријателски меч во Анталија против босанскиот Челик од Зеница одигра 2-2. По еден час игра, чаирчани водеа со 2-0 со головите на Илиески и Исени, но Челик во финишот се спаси од пораз со головите на Махмутовиќ и Црнички.

Инаку, чаирскиот клуб од денеска има нов играч, а тоа е дефанзивецот Дарко Глишиќ, искусен фудбалер кој со Вардар има освоено три титули во Македонија, а има две титули и во грузиската лига. Договорот на 28-годишниот Глишиќ е со важност од една и пол година. Тој сезонава ја почна во Бугарија, во Шкупи доаѓа од Арда Крџали.

Глишиќ веднаш ќе замине за Анталија, каде што ќе им се придружи на своите нови клупски колеги.

- Оглас -

Најнови вести