Шкупи покажа шампионски карактер, со играч помалку славеше против пандевци

Нигериецот Сандеј Адетунџи со два гола му донесе победа на Шкупи од 2-1 во дербито со Академија Пандев. Вториот гол чаирчани го постигнаа додека имаа човек помалку на терен, по исклучувањето на Сенгор во 73-та минута.

Шкендија со 3-1 триумфираше против Струга Трим Лум, и изби на второ место на табелата, со осум бода помалку од лидерот Шкупи, а два повеќе од А. Пандев.

Работнички во финишот го скрши отпорот на „фенерџијата“ Пелистер. Првиот гол го даде засилувањето Рушевиќ. Лавовите од Ѓорче Петров не му дадоа гол на Тиквеш додека имаа играч повече, туку кога се играше 10 на 10. Адем беше стрелец на важниот гол вреден три бода.

РЕЗУЛТАТИ: Скопје – Борец 1-1, Македонија Ѓ.П. – Тиквеш 1-0, Пелистер – Работнички 0-2, Шкендија – Струга 3-1, Шкупи – А. Пандев 2-1. Вчера Брегалница – Ренова 1-2.

- Оглас -

Најнови вести