Шкупи за ривал може да го добие тимот што го победи Реал на „Сантијаго Бернабеу“

Македонскиот фудбалски првак Шкупи е во групата на неносители на утрешната ждрепка во првото коло од квалификациите во Лигата на шампиони. Чаирчани имаат пет можни ривали, а еден од нив е и тимот на Шериф Тираспољ од Молдавија.

Екипата на Шериф минатата сезона играше во групната фаза од Лигата на шампионите и го направи најголемото изненадување во историјата откако успеа да го победи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Освен Шериф, меѓу можните ривали на Шкупи се и Карабаг од Азербејџан, Слован од Братислава, Линколн ред импс од Гибралтар и Шемрок роверс од Ирска.

- Оглас -

Најнови вести