Шлаг на тортата за Баерн: Со убедливи 4-0 ќе се крева рекордната 30-та титула

Баерн Минхен во голем стил ја заврши сезоната во Бундеслигата. Рекордната 30-та титула Баварците ја крунисаа со убедливи 4-0 на гостувањето кај Волфсбург, за вкуно 26 победи во 34 натпревари и 100 погодоци.

Голеадата ја започна Коман во четвратата минута, а пред паузата Кисонс реализира еврогол, прв за него во дресот на Баварците. Во вториот дел во листата стрелци се запиша и Левандовски, од белата точка го постигна 34-от гол во шампионатот, а Милер на десетина минути пред крајот ги реши сите дилеми, ако воопшто постоеја до тогаш.

Вофлсбург и покрај поразот обезбеди учество во квалификациите за Лигата на Европа, со 49 бода Волците останаа на седмото место.

Покрај Баерн, следната сезона во Лигата на шампионите ќе игра вицешампионот Дортмунд, Лајпциг и Менхенгладбах.

Останати резултати 34-то коло во Бундеслигата:

Аугсбург 1-2 Лајпциг, Баер Леверкузен 1-0 Мајнц, Менхенгладбах 2-1 Херта, Дортмунд 0-4 Хофенхајм, Франкфурт 3-2 Падерборн, Унион Берлин 3-0 Дизелдорф, Фрајбург 4-0 Шалке, Вердер Бремен 6-1 Келн.

 

 

- Оглас -

Најнови вести