Шок: Кавани копачките ги замени со балетанки (Видео)

Единсон Кавани, еден од најдобрите уругвајски фудбалери, ги замени копачките со балетанки во обид да го популаризира овој класичен танц меѓу момчињата во родната земја и со тоа да помогне во уништувањето на стереотипите дека балетот е само за припаднички на понежниот пол.

Кавани се појавува во реклама, а и самиот носи хеланки и балетанки и изведува некои балетски движења. Тој на националниот балет на Уругвај во Монтевидео му донираше машки хеланки и бара момчињата да не тренираат само фудбал, туку да се обидат и со балет.

„Не се согласувам дека секое момче треба да игра само фудбал. Танцот нема никаква врска со машкоста. Верувам дека и машките и женските деца треба да бидат слободни да одберат што им одговара најмногу и што ги влече да тренираат“, вели долгокосиот фудбалер кој уште е без клуб по заминувањето од ПСЖ.

Сопругата на Кавани, Жоселин, има завршено факултет за менаџмент во култура, таа ужива во балетот, па тие двајца честопати во Париз оделе да гледаат балетски претстави.

Во Уругвај помалку од една четвртина од учениците кои земаат часови по танци (балет, танго, фолклор) се машки, па затоа е и оваа кампања во која е вклучен Кавани.

- Оглас -

Најнови вести