Шок на квалификациите: Летонија нема да игра на Евробаскетот 2022

Кошаркарската селекција на Летонија загуби од Бугарија со минимални 65:66, пораз кој значеше дека Летонците нема да играат на Евробаскетот во 2022 година.

Бугарите приредија сензација во Рига и ја оставија Летонија со само една победа по пет кола во квалификациите. Слободните фрлања на Александар Јанев на 11 секунди пред крајот беа одлучувачки, односно Летонците промашија напад за победа.

За разлика од нив, балтичкиот сосед Литванија убедливо триумфираше на гостувањето кај Чешка со 94:74 и ги одржа шансите во живот за пласман на кошаркарскиот континентален собир.

Останати резултати квалификации за Евробаскет 2022:

Турција 88:80 Шведска, Украина 70:65 Словенија, Белгија 88:65 Данска, Грција 69:84 БиХ, Германија 81:83 Велика Британија, Хрватска 57:65 Холандија.

- Оглас -

Најнови вести