Шок на „Сан Сиро“ за Милан во јубилејниот меч за Ибрахимовиќ (Видео)

Аталанта води со 1:0 на гостувањето кај Милан на „Сан Сиро“, благодарение на погодокот на Кристијан Ромеро со глава по еден изведен корнер на гостите. Ромеро погоди во 26 минута што беше како круна за добрата игра на гостите. По првиот дел, Аталанта има дури пет удари во рамките на голот на Милан, додека домаќините немаат ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол. Погодокот на Ромеро може да го погледнете ТУКА.

За Златан Ибрахимовиќ ова е јубилеен 600-ти натпревар во клупската кариера, но засега првиот голгетер на Милан делува пасивно.

Сепак, на Ибра доволно му е еден момент за да блесне, па останува да се види како Росонерите ќе одиграат во второто полувреме.

Во исто време, во Удине, Интер и Удинезе играат 0:0. Доколку Милан загуби, а Интер ги освои трите бода на гостувањето, тогаш Нераѕурите ќе бидат нови лидери во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести