Шок во Баку: Полицијата малтретира навивачи кои носат дрес на Мхитарјан (Видео)

Фудбалерот на Арсенал, Хенрик Мхитарјан, не беше на листата на патници за финалето на Лига Европа во азербејџански Баку, затоа што е Ерменец и од безбедносни причини, иако организаторите на средбата гарантираа безбедност за играчот од земјата со која Азербејџан ги има раскинато сите односи.

Политичката тензија и нетрпеливост помеѓу Азербејџан и Ерменија е голема, па беше одлучено Мхитарјан да не оди, но навивачите на Арсенал му даваат поддршка со тоа што во негови дресови се шетаат низ главниот град на Азербејџан. Но, за локалната полиција, ова е провокација, па ги запираше сите кои носеа дрес со името на Ерменецот и ги предупредуваше.

Се поставува прашањето, ако е проблем тоа што некој носи дрес на Мхитарјан, што ли ќе беше ако популарниот Мики лично се појавеше во државата во која воопшто не трпат и не им се добредојдени Ерменци?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести