Шок за Аргентина: Мали е во четврт-финалето на Мундијалито

Репрезентацијата на Мали е последниот патник во четврт-финалната фаза од Светското првенство за фудбалери до 20 години. Африканската селекција ја шокираше Аргентина и по изведување на пенали, со 5-4 го елиминираше шесткратниот светски првак. Откако двете екипи беа неразделни по 1-1 во регуларните 90 минути, односно 2-2 во дополнителните два периоди од по 15 минути, јасно беше дека победникот ќе се одлучува во пенал-рулет.

Непосредно по стартот на второто полувреме, Гаич донесе предност за Аргентина, која Дијаби ја анулираше во 67-мата минута. Победникот не се одлучи во регуларните 90 минути, а по еден гол на двете страни се постигна и во дополнителните 30 минути. Аргентина одново дојде до предност преку Барко, а Конте изнуди пенал-рулет во 121-та минута.

Фудбалерите на Мали беа перфектни, ги реализираа сите пет пенали, додека Чанкалај е трагичарот на Аргентина кој го утна својот обид во втората пенал -серија. Мали во четврт-финалето ќе се сретне се селекцијата на Италија.

Четврт-финални парови:

Колумбија – Украина ( 7 јуни, 15:30 часот)

Италија  – Мали (7 јуни, 18:30 часот)

САД – Еквадор (8 јуни, 17:30 часот)

Јужна Кореја – Сенегал (8 јуни, 20:30 часот)

- Оглас -

Најнови вести