Срамно однесување – Погледнете како го избркаа Балотели (Видео)

Марио Балотели доживеа шок откако не му беше дозволено да влезе во тренинг-кампот на Бреша, па и по дополнителниот повик од својот мобилен телефон, не доби дозвола и мораше да си замине.

Балотели, според информациите во италијанските медиуми, наводно добил и отказ, но сепак потегот на раководството на калчолигашот е невкусен.

На видеоматеријалот се гледа дека Марио откако беше одбиен на портата на тренинг-кампот, се обидува да се објасни на телефон, но не доби попуст и мораше да се врати назад.

Претходно првиот човек на клубот, Масимо Селино, изјави дека ангажманот на Балотели му е најголема грешка во кариерата, а на потегот на играчот да не доаѓа на тренинзите на Бреша возврати со сличен потег.

Селино исто така направи лош маневар и не се појави на договорениот состанок со поранешниот репрезентативец на Италија, оставајќи го да чека повеќе од еден час во еден ресторан во Бреша.

- Оглас -

Најнови вести