Шок за европските прваци во Милано, Шпанија доминира и води со головите на Феран Торес (Видео)

Шпанија игра одлично во првото полуфинале во Лигата на нациите и води во Милано против Италија со 2:0 со головите на Феран Торес по првото полувреме.

Црвената фурија изненадувачки имаше голем посед на топката од 63 отсто и доминацијата ја круниса со две прекрасни акции во 17-тата и во 45-тата минута.

Микел Ојарзабал одлично со центаршут го погоди Торес, а напаѓачот на Манчестер сити во раната фаза ја погоди мрежата на домаќините.

 

Идентична беше и акцијата во самиот финиш на полувремето и повторно Ојарзабал и Торес ја матираа одбраната на Италија за голема предност од 2:0 за Шпанија.

Иако беа инфериорни според поседот на топка само со 37 отсто, Аѕурите имаа шанси за израмнување, но Инсиње и Кјеза ги промашија најубавите шанси за актуелниот европски првак во првото полувреме.

За да биде проблемот за домаќините уште поголем, покрај негативата од 0:2, ќе играат цело второ полувреме со играч помалку. Леонардо Бонучи доби втор жолт картон во 42-рата минута и автоматски беше исклучен од судијата Карасев. Потоа стигна и вториот гол на Торес, па европските прваци се пред елиминација во полуфиналето на Лигата на нациите.

Утре од 20.45 часот, исто така на „Сан Сиро“ во Милано, во второто полуфинале ќе играат Франција и Белгија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести