Шок за лидерот во Германија, златен гол на Кривели ја елиминира Борусија Менхенгладбах

Францускиот интернационалец Енцо Кривели е голем херој на турскиот Башакшехир и со гол во 90-тата минута во Менхенгладбах на својот тим му донесе пласман во следната фаза во Лигата на Европа.

Турците приредија вистински подвиг со пресврт што го комплетираа со погодок во самиот финиш. Борусија е лидер во Бундеслигата, но иако водеше со 1:0 на „Борусија парк“, испадна од Лигата на Европа.

Башакшехир го освои првото место во групата Ј пред Рома, а двете екипи ќе играат во следната фаза.

По сетот од 12 последни натпревари што завршија вечерва, во следниот филтер натпревари во Лигата на Европа се пласираа и: Порто, Глазгов ренџерс, Еспањол, Лудогорец, Гент, Волфсбург, Брага, Вулверхемптон, Манчестер јунајтед и АЗ Алкмар.

Претходно настап во следната фаза обезбедија и: Севилја, АПОЕЛ, Малме, Копенхаген, Базел, Хетафе, ЛАСК, Спортинг, Селтик, Клуж, Арсенал и Ајнтрахт.

На овие екипи во битката за пехарот ќе им се приклучат и третопласираните екипи од осумте групи во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести