Јаник Синер се појави на прес-конференција по шокантниот пораз од Хуан Мануел Серундоло и даде изненадувачка изјава дека колапсот и проблемите не биле предизвикани од топлото време во Париз, иако делуваше така.
„Не се чувствував баш добро на теренот, но се случува. Во средината на третиот сет, иако играв добро се појави проблемот. Беше жешко, но не толку жешко. Не е до времето, туку до мене. Се случува. Тоа е спортот. Се чувствував вртоглаво, енергијата ми падна. Се обидов да сервирам, но немав енергија. Намерно го пуштив четвртиот сет за да зачувам енергија за петтиот. Но не се чувствував добро ни во петтиот. Се обидов да играм што пократки поените. Како да удрив во ѕид и тоа беше тоа“, рече Синер.
Светскиот рекет број 1 смета дека не е болен, туку исцрпен.
„Играв многу, не можев да се одморам. Првиот натпревар тука го одиграв добро, но дури и со слободниот ден немав доволно време. Не спиев баш добро и утрово кога се разбудив, се мачев. На гренслем имате слободен ден, но мене проблемот ми се случи на денот на натпреварот. Не се сеќавам кога последен пат се чувствував толку слаб“, изјави Италијанецот.

