Сцени какви што никој не сака да гледа, особено не на фудбалските стадиони, се забележани за време на натпреварот од Копа Либертадорес.
Атлетико Минеро како домаќин го победи Сан Лоренцо со 1:0 и благодарение на ремито од првиот натпревар се пласира во четвртфиналето на ова натпреварување.
Натпреварот се одигра на стадионот „Арена МРВ“ отворен минатата година, а за време на натпреварот се случил жесток инцидент на трибините.
During Atlético Mineiro vs San Lorenzo in the Copa Libertadores yesterday night, Brazilian police opened fire in the stands, shooting at people with what I hope were rubber bullets, which are however still very dangerous. They also deployed tear gas.
— Football Report (@FootballReprt) August 21, 2024
Police brutality continues to… pic.twitter.com/FsflgpW3Z2
Се случи тепачка во секторот наменет за навивачите на аргентинската екипа, а бразилската полиција реагирала сурово.
Вооружени полицајци влетаа на трибината, а потоа испукаа и гумени куршуми кон навивачите користејќи и солзавец.