Шоу на Јаховиќ, блесна со хет-трик на меч од турската суперлига

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ, на денешното гостување на Гезтепе кај Хатајспор, потсети на своите најдобри денови, и ги даде сите три гола за неговиот тим во триумфот од 3-2. Пред овој меч, Јаховиќ сезонава во турската Суперлига имаше само еден погодок (пред една недела против Кајсериспор), а по денешната „експлозија“, има четири гола.

Дека е расположен, Јаховиќ покажа во 30-та и 38-ма минута кога за осум минути даде два гола за предност на Гезтепе од 2-0, а хет-трикот го комплетираше во 78-ма минута, пет минути пред да биде повлечен од игра.

- Оглас -

Најнови вести