Шоу во Орландо: Барселона и Манчестер сити одиграа 2:2, па пеналите требаше да го реши победникот (Видео)

Манчестер сити го претрпе и третиот пораз на американската предсезонска турнеја. Граѓаните овојпат загубија од Барселона, но дури по изведување на пенали, откако во регуларниот дел, резултатот беше 2:2. Фудбалерите на англискиот шампион промашија два од трите изведени пенали и на крајот Барселона се радуваше на триумф.

Барселона поведе со голот на Пау Виктор го матираше Едерсон. Сити брзо израмни кога младиот Ник О’Рајли погоди за 1:1. Младинскиот англиски репрезентативец против Барселона покажа дека е иднината не само на Сити, туку и на англискиот фудбал.

Пред крајот на првото полувреме Барселона повторно поведе и тоа со погодокот на Пабло Торе, а Џек Грилиш погоди за 2:2, па победникот требаше да се решава на пенали, каде каталонскиот гигант беше безгрешен за разлика од ривалите.

Во двата тима се појавија многу млади играчи, а на теренот беше и Џејден Хески, син на прославениот напаѓач Емил Хески. Сити на турнејата во САД претходно загуби и од Милан и Селтик, а сега им останува да одиграат контролен дуел и против Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести