Шпанец е првиот фудбалер во историјата со триумф на СП, на ЕП и во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Шпанија го освои петтиот трофеј во својата историја откако во Ротердам во финалето во Лигата на нациите беше подобра од Хрватска, и тоа по подобро изведување на пенали.

Со триумфот на Црвената фурија, Шпанец стана прв фудбалер во историјата кој триуфирал на Светско првенство, на Европско првенство и во Лигата на нации.

Тоа е 37-годишниот Хесус Навас, кој со Фуријата победи на СП 2010 и на ЕП 2012, а вчера беше дел од репрезентацијата која ја совлада Хрватска и го крена шампионскиот пехар во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести