Шпанија ја декласира Македонија со 31:22, сега и гол-разликата може да одлучува за полуфинале на Медитеранските игри

Шпанија ја декласира Македонија со 31:22 во ракоментиот меч од третото коло во Б групата на Медитеранските игри.

Црвената фурија беше убедлива во двете полувремиња, го доби првото со 14:8 и уште по 30 минути игра беше јасно дека ќе победи.

Црвената фурија продолжи да доминира и во вториот дел, па разликата постојано растеше и во 52. минута беше највисоки 11 гола разлика, 29:18, потоа и 30:19.

Првиот пораз беше неминовен против ривал кој е многу незгоден за Македонија и кој никогаш не сме го победиле во ракомет, па ова ни е осми пораз на значајните натпреварувања од Црвената Фурија.

За нас ова е и прв пораз на Игрите во Алжир и сега постои варијанта да се тркаме со организаторот на турнирот за полуфинале, а може да одлучува и гол-разликата.

Македонија ја победи Грција со 18 гола разлика, потоа одигра нерешено со Алжир 24:24 и денеска загуби убедливо од Шпанија со 9 гола разлика.

Ако Шпанија го победи Алжир, а ние славиме против Турците и Алжир ја победи Грција ќе имаме ист број на бодови со домаќинот во битката за второто место во групата, па за полуфинале ќе одлучува гол-разликата.

- Оглас -

Најнови вести