Шпанија 85 години нема победа во Германија, но четири години по ред дава гол на секој меч

Шпанците синоќа во Штутгарт во дуел од Сегментот А во Лигата на нациите се извлекоа против Германија, во 95-тата минута постигнаа гол за изедначување на 1-1 и со тоа продолжија две големи серии.

Црвената фурија цели 85 години нема победа на гостување во Германија. Шпанците славеа со 3-1 на првото гостување во Германија, во далечната 1935 година, а од тогаш наваму, при посетите кај Германија, имаа пет порази и четири ремија.

Бодот на Шпанците им го донесе левиот бек Гаја, а тој погодок ја продолжи низата од 41 меч по ред на кој Шпанија дава барем еден гол. Последен тим кој не прими гол од селекцијата на Шпанија беше Италија на Европското првенство во 2016 година. Светскиот рекорд од 66 меча по ред со даден гол го држи Унгарија од периодот од 1949 до 1957 година. Пред актуелниот тим на Шпанија се и Англија од 1884-1901 со 52 меча едноподруго со гол и Италија од 1931-1937 со 43 меча по ред барем со еден постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести