Шпанија е како Македонија против Германците, ќе им ги урне рекордите на Аѕурите

Шпанија игра на врвно ниво против Италија во Милано, води со 2:0 по еден час игра и е во слична позиција како Македонија при нашата победа против Германците во март во Дуисбург.

Црвената фурија постигна два речиси идентични погодоци по акцииите на Ојарзабал, кои со голови ги круниса Феран Торес во 17-тата и во 45-тата минута.

Италија има и играч помалку по исклучувањето на Бонучи во 42-рата минута и сега се загрозени неколку рекорди. Италија никогаш не загубила меч на „Сан Сиро“, стадион кој постои од 1925 година, па сега е пред прв пораз.

Аѕурите немаат пораз на домашен терен во овој милениум, а последен пат како гостин во Италија славеше селекцијата на Данска во 1999 година.

И ако не успеат да израмнат или да победат вечерва, Италијанците ќе ја прекинат серијата од 37 меча без пораз, што е рекoрдна во историјата на фудбалот.

Македонија во март годинава ја победи Германија на гостински терен со 2:1 и тоа беше прв пораз на Панцерите по цели две децении на домашен терен и во квалификации за Светско првенство, па Шпанците се во слична позиција вечерва во Милано.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести