Шпанија е преголем залак за Мароканците

3172 Марибор – Радомље (18.00 часот)

Марибор се наоѓа во победнички ритам, славеше на последните три натпревари во словенечкиот шампионат и почна да се искачува на табелата. Марибор мометно е петти на табелата со 27 бода, а во последните три средби на кои славеше има гол-разлика од 12:1.

Радомље пак се наоѓа во долниот дел од табелата и во последните четири кола има три порази и едно реми. Овие два тима веќе одиграа еднаш сезонава и Марибор победи со убедливи 5:0.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.30)

 

6888 Мароко – Шпанија (16.00 часот)

Мароко е едно од најпријатните изненадувања од групната фаза на Светското првенство освојувајќи го првото место во конкуренција на второ и третопласираната селекција од претходниот Мундијал, Хрватска и Белгија. Мароканците остварија две победи, над Канада со 2:1 и над Белгија со 2:0, а ремизираа без голови против Хрватска и сосема заслужено ќе играат во осминафиналето.

Шпанија пак го освои второто место во својата група, а со поразот во последното коло од Јапонија избра да игра токму против Мароко за да ги избегне Хрватска и Бразил во нокаут-фазата.

Квалитетот е на страната на Шпанија, избраниците на селекторот Луис Енрике не се фаворити за највисок пласман на СП во Катар, но со прикажаните игри против Костарика (7:0) и Германија (1:1) докажаа дека Фуријата никогаш не смее да се потцени. Се очекува токму на натпреварот против Мароко да покажат дека не смеат да бидат отпишани.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.05)

 

6850 Португалија – Швајцарија (2.00 часот)

Португалија иако загуби од Јужна Кореја (2:1) во последното коло во групата Х, го освои првото место благодарение на двете победи над Гана (3:2) и Уругвај (2:0) и со големи амбиции ја започнува нокаут-фазата.

Швајцарија пласманот во осминафиналето го обезбеди со победите над Камерун (1:0) и Србија (3:2). Овие две репрезентации годинава веќе играа меѓу себе, во Лигата на нациите и ја искористија предноста на домашен терен. Швајцарија победи со мининални 1:0, додека победата на Поргугалците беше поубедлива (4:0).

Предлог тип: 1 (1.97)

 

1312 Леганес – Мирандес (19.00 часот)

Ова е дуел меѓу екипи од средниот и долниот дел од табелата кои не постигнуваат многу голови. Гол-разликата на Леганес, кој е деветти на табелата, по 18 кола има гол-разлика 17:16, додека 17-тиот Мирандес има гол-разлика 19:23. Леганес и Мирандес досега одиграле само осум натпревари меѓу себе и само на еден биле постигнати повеќе од два гола. Традицијата исто така покажува дека Леганес нема пораз на домашен терен.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (1.88)

 

1068 Фарсли – Кингс Лин (20.45 часот)

Ова е дуел на претпоследниот и вториот на табелата во англиската национална лига – север. Кингс Лин се наоѓа во одлична форма и има само три бода помалку од лидерот Брекли таун, а има и три натпревари помалку. Фарсли пак се наоѓа во серија од три порази по ред во кои не постигна ниту еден гол и е претпоследен на табелата. Кингс лин на последните два натпревари на гости одигра без победник 1:1 и 3:3, но за очекување е вечерва да ја прекине оваа мини-серија.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ второ (1.90)

 

 

- Оглас -

Најнови вести