Шпанија, Италија и Аргентина без милост, се радуваа и домаќините

Репрезентацијата на Шпанија без никакви проблеми славеше убедливо со 101:62 во дуелот против Тунис, во првото коло од Светското кошаркарско првенство во Кина. Вкупно 11 играчи на Црвената фурија се запишаа во листата на стрелци, а најефикасен беше Рики Рубио со 17 поени, додека Серхио Љуљ даде 16 поени.

Аргентина уште во првата четвртина стигна до двоцифрена предност против Јужна Кореја и во продолжение на дуелот само ја зголемуваше предноста. На крајот Гаучосите славеа со 95:69. Убедливи на стартот беа и Италијанците. Аѕурите дадоа 108 поени во победата од 46 разлика против Филипини.

На стартот на Мундобаскетот се радуваа и домаќините. Кина беше подобра од Брегот на Слоновата коска со 70:55.

Утре на програмата се осум нови дуели од планетарниот собир во Кина.

 

- Оглас -

Најнови вести