Шпанија ќе ја пречека Македонија во сала со 10.744 седишта во која се играше и фајналфор

Шпанската кошаркарска федерација ја информирала македонската дека натпреварот од квалификациите за Светско првенство на 1 јули помеѓу Шпанија и Македонија ќе се игра во салата „Павиљон Принц Фелипе“ во Сарагоса.

Станува збор за едно модерно здание, во кое првиот кошаркарски натпревар бил одигран на 17 април 1990 година, а има капацитет од 10.744 седишта, кои, извесно е, ќе бидат максимално пополнети, како што е впрочем и насекаде во Шпанија кога игра актуелниот светски шампион.

Во 1995 година таму се играше и финалниот турнир во кошаркарската Евролига, кога Реал Мадрид предводен од литванската легенда Арвидас Сабонис се закити со европскиот трофеј.

- Оглас -

Најнови вести