Шпанија не шутна кон голот на Македонија во првото полувреме

Македонските фудбалски надежи одиграа одлично прво полувреме на Арената „Тодор Проески“ против фаворитот Шпанија.

По првите 45 минути, резултатот е 0:0, што е и логичен исход ако се знае дека ниту една од двете екипи не упати ниту еден директен удар кон еден од двата гола.

Шпанија во своите редови има таленти како Рики Пуиг и Карлос Алења, кои се играчи од школата на Барселона. Пуиг сезонава одигра и 10-тина мечеви за каталонскиот гигант, но засега во Скопје не се прослави и е одлично чуван од нашите дефанзивци.

Селекцијата на Шпанија до 21 година е актуелен европски првак и е голем фаворит во квалификациската група, но засега во Скопје не играат според посакуваното.

За тоа како игра Македонија сигурно, посебно во одбраната, говори и фактот дека Црвената фурија не изведе ниту корнер во првиот дел. Нашите еднаш нафрлија од аголот, но беа безопасни.

- Оглас -

Најнови вести