Шпанија згрозена од новинарот кој со расистички навреди го нападна младиот Фати

Ансу Фати, младата ѕвезда на Барселона, по мечот со Ференцварош беше брутално понижен од страна на еден новинар кој во својот текст го спореди Фати со црн мигрант и продавач на улица кој бега од полицијата.

Барселона веднаш презеде мерки против новинарот и го тужи за расизам, додека Гриезман беше меѓу првите кои реагираа на објавата.

„Фати е посебно дете и заслужува почит како и сите други играчи. Не за расизмот и непочитувањето!“, напиша Гриезман со споделениот текст во кој Фати трпи расистички навреди.

Речиси е извесно дека новинарот ќе добие казна, како и отказ од работното место.

- Оглас -

Најнови вести