Шпанскиот крал тежи повеќе од гордоста на Израел

Реал Мадрид забележа исклучитено важна победа на тешко гостување во Тел Авив и славеше со 81:77 против Макаби.

Шпанскиот Кралски клуб тежеше малку повеќе од израелската гордост и со подобра игра во првиот и третиот период ги освои бодовите.

Макаби имаше предност од 38:36 по првото полувреме, но третиот период го загуби со десет поени разлика, 11:21, што беше клуч на успехот за гостите од Мадрид.

Ентони Рендолф одигра одличен меч и со 19 поени и 7 скока беше прва виолина во составот на Реал. Томпкинс и Козер постигнаа по 12, Кампаци и Тавареш по 11 поени за 16-та победа на најтрофејниот состав во Европа во 22-риот меч во Евролигата.

Реал сега повторно е на делба на втората позиција со ЦСКА Москва, а веројатно ќе им се приклучи и Барселона, која има голема предност против Зенит во финишот на мечот.

Макаби е на петтото место со биланс 14-8.

- Оглас -

Најнови вести