Шпанското првенство ќе се игра и во НБА термини!

Продолжувањето на шпанската фудбалска лига би можело да донесе необични термини за почеток на натпреварите. Неофицијално, Примера треба да продолжи на 12 јуни, а бидејќи треба да се одиграат 11 кола, ќе мора секој тим да игра по двапати неделно. Планот на лигата е мечеви да се играат секој ден, екипите ќе играат на секои три дена за да имаат 72 часа одмор од еден до друг дуел.

Ова значи дека втората половина на јуни и цел јули ќе бидат пренатрупани со мечеви, а бидејќи во летниот период во Шпанија е многу топло, средбите од првата лига ќе се играат само во вечерните термини. Во градовите каде што не е „пекол“, мечевите би стартувале во 20 часот, а дуелите кои ќе се играат на југот на Шпанија, како на пример, кога домаќини ќе бидат Бетис или Севилја, би почнувале во 23 и би завршиле малку пред 1 часот по полноќ.

- Оглас -

Најнови вести