Шпанците ги бие малер: од 11-те стартери во финалето на ЕП, само четворица ќе играат утре со Србија

Шпанската фудбалска репрезентација пред три месеци го одигра финалето на ЕВРО 2024 и доминантно дојде до европската титула, но како некој да ги проколна, од 11-те стартери во финалето со Англија, повредени се седуммина, и само четворица се во комбинација за настап на утрешниот меч против Србија во Лигата на нации.

Селекторот Луис Де ла Фуенте има големи проблеми околу составот, а на долг период нема да може да смета на двајцата најискусни во составот, Дани Карвахал и Родри, кои имаат скинати предни вкрстени лигаменти во колената. На листата на повредени се и голманот Унаи Симон, дефанзивецот Робин Ле Норман, Дани Олмо, Ламин Јамал и Нико Вилијамс.

Здрави и подготвени за мечот со Србија се само четворица од стартерите во финалето против Англија. Тоа се Ејмерик Лапорт, Марк Кукурелја, Фабијан Руиз и Алваро Мората.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести