Екипата на Барселона има фантастичен старт на сезоната во шпанската Ла Лига и после четири натпревари има максимални 12 бода и одлична гол-разлика од 13 дадени и само три примени гола. Каталонскиот весник „Спорт“ акцентот на одличните резултати на Барселона го става на новото засилување, Дани Олмо, кој преку Динамо Загреб и Лајпциг, конечно заигра за првата екипа на „каталонците“, клубот од чија академија потекнува.
„Дани Олмо е роден за да биде фудбалер на Барселона и целото негово патување преку Хрватска со Динамо Загреб и Германија со Лајпциг, па дури и со репрезентацијата на Шпанија низ сите генерации, направи величествен фудбалер кој е вистински производ на Ла Масија, иако мораше да расте далеку од Камп ноу.“ – се вели во текстот со наслов „Дани Олмо е роден за да игра за Барселона“.
Барселона вчера беше и повеќе од убедлива против повратникот во Ла Лига, Ваљадолид, и победи со 7-0 на домашен терен.