„Штадхале“ се намонтира, Грац е подготвен за балканското ракометно дерби

Хрватска и Црна Гора ќе го играат дербито на премиерниот ден од ракометното Европско првенство во интересен амбиент од 20.30 часот во Грац.

„Штадхале“ е подготвено за балканското дерби, а салата е мошне интересна и има само монтажни трибини. Максималниот капацитет е 5.200 места и Хрватите најавуваат дека е можно трибините да бидат комплетно исполнети.

И двете селекции имаат навивачи и во Австрија, но и во околните земји, па се очекува убава атмосфера.

Хрватска е голем фаворит за победа, а има и одличен биланс од 7:1 во победи против Црногорците. Претходно во истата сала од 18.15 часот во премиерата со која ќе се отвори ЕП 2020 ќе играат Белорусија и Србија, а во истиот термин, но во Трондхајм, Норвешка, стартен меч на шампионатот ќе имаат Германија и Холандија.

Во истата сала од 20.30 часот Шпанија ќе ѝ излезе на мегдан на Летонија, а Црвената фурија е апсолутен фаворит за победа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести