Штета: „Ајфонот“ за влакно им избега на двајца прогнозери

Како ретко кога имаме успешно коло на бесплатната игра Спортска прогноза, во кое главниот подарок „Ајфон 11“ на двајца учесници им избега за влакно. Т. Даниел и М. Костадин погодија 12 парови на „Среќната 13-ка“, па како утешни подароци ќе добијат ваучери од Sport Life во вредност од 1.000 денари.

Даниел „се лизна“ на градското дерби меѓу Атлетико и Реал, во кое очекуваше триумф на Кралевите, но за негова жал дербито на „Ванда Метрополитано“ заврши со реми од 1-1. Костадин неуспешно го прогнозираше дуелот меѓу Келн и Вердер Бремен од Бундеслигата, бараше победа на домаќините во мечот во кој што бодовите се делеја при конечни 1-1.

Иако не стигнаа до премијата, на Даниел и Костадин треба да им се честита со оглед на тоа дека речиси перфектно прогнозираа во 26-тото коло кое беше полно со предизвици.

Воедно, има и шестмина прогнозери со по 11 погодени парови, за кои се предвидени ваучери од по 500 денари во Sport Life. Ова е доказ дека со учеството во бесплатната игра Спортска прогноза не можете да загубите ништо, а може само да добиете доколку верувате во своите прогнозерски способности.

Прогнозерите денес ќе имаат нова шанса за атак на „Ајфонот“. Во 14 часот, новото 27-мо коло ќе биде достапно за прогнозирање, а овие две „стативи“ можеби се знак дека набрзо главниот подарок ќе биде во нечии раце.

- Оглас -

Најнови вести