Штета, Македонија дефинитивно нема да игра на ракометното СП!

Репрезентацијата на Чиле ќе биде последниот патник за Светското првенство во ракомет кое ќе се одржи во Египет 2021 година. Со ова паднаа во вода надежите дека македонската репрезентација може да ја добие последната вајлд-карта за место на ракометниот Мундијал.

Светската ракометна федерација ИХФ објави дека Советот на ИХФ донел одлука да го покани Чиле, иако во Јужна Америка не се одржаа нормални квалификации според сите пропозиции (играа само шест тима, а минимумот е осум). Чиле важи за една од најквалитетните ракометни селекции во Јужна Америка и беше главен фаворит за освојувањето на трофејот на турнирот „Последна шанса“ во Средна и Јужна Америка, но тој не се одржа поради проблемите со корона-вирусот.

Сега единствена опција за Македонија да се појави на СП е евентуално откажување на некоја од селекциите поради ковид-ситуацијата. За Македонија остануваат квалификациите за ЕП 2022 и да се надева на полесен ривал во бараж средбите за СП 2023 во Полска и Шведска, каде што за Европа ќе бидат резервирани 13 места.

 

- Оглас -

Најнови вести