Штета – неколку поени го делеа МЗТ од јуниорскиот Ф4 на АБА лигата

Тимот на МЗТ Скопје за кошаркари до 19 години, загуби од Копер Приморска со 82-87, и ја испушти шансата за пласман на финалниот турнир во АБА лигата.

На младите „штркови“ им требаше победа против Словенците, но не успеаја да ја извојуваат, па го освоија третото место во својата група, затоа што се послаби во меѓусебниот дуел со Приморска која истотака има 3-2 после пет меча. На завршниот турнир одат најдобрите две од групата која се играше во Задар, а тоа се Црвена ѕвезда и Копер Приморска. Од другата група, на Ф4 патува Мега Бемакс, а вториот патник ќе се бира меѓу Цибона и Будуќност.

Екипата на тренерот Горан Крстевски и помошникот Синиша Аврамовски, на мечот со Приморска даде 12 тројки, но прими 15 тројки, а МЗТ беше и натскокан. Митевски, Исајлоски, Орлов и Андоноски беа најзабележителни поединци.

- Оглас -

Најнови вести