Штета што не погоди – Уште се тресе „Сан Сиро“ по ножичките на Леао (Видео)
Португалецот со екстра атрактивен потег ја погоди пречката на голот на Калјари

Милан може да жали што заврши сезоната во Италија, а шлаг на серијалот по паузата, во кој Росонерите забележаа 9 победи и трипати ремизираа ќе беше гол по страшно атрактивниот потег на Португалецот Рафаел Леао.
Напаѓачот на Милан изведе вистинска акробација, но ја погоди пречката на голот на Калјари. Потегот беше мајсторски и штета е што 21-годишниот играч не успеа да ја погоди мрежата на гостинскиот гол.
https://twitter.com/itsNvxk/status/1289639795375800320?s=20
Милан го победи Калјари убедливо со 3:0 и остана единствениот тим во Серија А што нема пораз по рестартот на сезоната.
Ако се смета и ремито со Јувентус во купот на Италија, серијалот на Милан е долг и траеше 13 меча, во кои гигантот забележа 9 победи и 4 пати ремизираше.